Top Sport

Стив Кер е навивач на Ливерпул поради Мо Салах

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер откри дека е навивач на Ливерпул поради Мохамед Салах и додава дека бил пресреќен што имал шанса да се запознае со Јирген Клоп.

56-годишниот Кер поминал три години во Каиро, Египет како тинејџер и се врати во градот за програмата на НБА и ФИБА за Африка и откри дека станал навивач на „црвените“ поради египетскиот напаѓач.

„Почнав да ја следам Премиерлигата пред пет-шест години и тогаш го забележав како игра Мохамед Салах и читав малку за него. Бев импресиониран од неговиот карактер и за тоа што го направи за својот роден град, каде што помогн да се изгради училиште. Знаев колку се сакан во Египет и си кажав: ‘Тој е мојот човек’. Сакав да навивам за него и кога дознав дека игра за Ливерпул, знаев дека тоа е мојот тим. Се сретнав со Јирген Клоп пред некој ден во Ливерпул и беше забавно. Фудбалот и кошарката се слични во некои концепти“, вели Кер.

Scroll to Top