Шефот на Ферари, Матија Биното верува дека Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 шампион е „одличен“ кандидат за место во неговиот тим во блиска иднина.
20-годишниот син на Михаел Шумахер во 2019 ја комплетираше својата прва Ф2 сезона, а исто така првпат возеше Ф1 болид и многумина очекуваат Ферари да ја поддржи неговата кариера. Тој беше само 12. во Формула 2 шампионатот, но Биното вели дека тоа не е разочарување.
„Горди сме што го направивме дел од возачката академија на Ферари. Не само поради тоа што е син на Михаел, туку бидејќи е добар возач кој го покажа тоа во изминатата сезона. Пред него беа некои многу поискусни возачи, а не треба да се заборави дека тој беше само дебитант. Следната сезона ќе видиме колку е голем прогресот, а ние очекуваме многу. Тој е многу добар кандидат за Ф1 во блиска иднина“, вели Биното во интервју за „Аутоспорт“.