Top Sport

Ѓоковиќ ги пцуеше сопствените навивачи (видео)

Новак Ѓоковиќ стигна до тешко извојувана 7:6/7:6 победа над Кевин Андерсон за Србија да ја победи Јужна Африка со 2:0 на АТП купот во Бризбејн, но тесниот меч го натера да ги загуби нервите и да ги пцуе сопствените навивачи поради бучавата која ја правеа на трибините меѓу поените.

Прво во тај-брејкот од првиот сет, тој се расправаше со судијата на столче бидејќи тој не му прифати еден челенџ, а подоцна кога го осои поенот се сврте кон сопствените навивачи и со низа пцости им порача да бидат тивки.

Scroll to Top