И покрај новата стратешка грешка на Унгарското ГП, шефот на Ферари, Матија Биното инсистира дека неговиот тим гради искуство и дека нема потреба за промени во тимот од Маранело и покрај шпекулациите дека се размислува токму тој да добие отказ.
Како на овие зборови ќе реагираат тифозите, италијанските медиуми, но и неговите возачи останува да се види, но за среќа сега претстои летната пауза во Ф1 до крајот на август.
„Секако, исфрустриран сум, иако можеби не го покажувам тоа премногу. Знам каков е потенцијалот на болидот, иако ова беше прва трка во која немавме одличен болид. Не се работи за лоша среќа и нема потреба ништо да се менува. Се работи за постојано учење и градење на искуство и на вештини. Има работи кои треба да сфатиме зошто се одвиваа како што се одвиваа. Мораме да научиме од грешките и да ги надминеме проблемите и да бидеме сили во преостанатите 12 трки“, вели Биното за „Ченел 4“.