Top Sport

Биното од дома ќе ги предводи Ферари на ГН на Турција

Шефот на Ферари, Марија Биното, нема да биде со тимот на Големата награда на Турција. Тој трката ќе ја води од тимската база во Маранело.

Ферари не блескаат во тековната сезона, борбата за титулата е оддалечена со светлосни години, а покрај тоа медиумите ги критикуваат поради лошиот однос што го имаат кон Себастијан Фетел.

Сега повлекоа потег, кој колку и да делува неважен, во однос на ситуацијата во која се наоѓаат, повторно го привлече медиумското внимание.

„Матија секогаш на својата улога и се посветувал не иновативен начин. Смисли метода која ќе биде флексибилна и ефикасна. Можеби ќе биде чуднно што ќе го нема на брифинзите и на пит-ѕидот, но неговиот глас ќе се слуша јасно и гласно“, рекол спортскиот директор на тимот, Лоран Мекис.

Scroll to Top