Шефот на Ферари, Матија Биното признава дека ривалите од Ред бул имаат „неколку десетинки“ побрз болид од нивниот, откако Макс Ферстапен победи на последните две трки во Имола и во Мајами, но вети дека со сопствениот развој на болидот, таа разлика е достижна.
Ферари ја стартуваа сезоната со најбрз болид, но Ред бул се решија за неколку подобрувања на болиот пред трката во Имола, кои донесоа резултат.
„Во однос на перформансите и развојот на Ред бул во однос на нашиот болид, не би кажал дека сме загрижени. Разликата не е огромна, туку максимум неколку десетинки, а не треба да заборавиме дека имавме 1-2 на квалификациите во Мајами. Нема непремостлива разлика меѓу двата болиди. Развојот на болидите оваа сезона е поврзан со ограничувањето на буџетот. Ниту ние, но ниту нашите ривали нема да можат да трошат бесконечно оваа сезона“, вели Биното за „Аутоспорт“.