Top Sport

Болид на Шумахер продаден за 13.000.000 швајцарски франци

Болидот на Ферари што го возеше легендарниот Михаел Шумахер во 2003 година беше продаден во Женева за 13 милиони швајцарски франци (13.180.000 евра). Аукциската куќа Сотби објави дека ова е рекордна сума за еден Формула 1 болид во поновата ера.

Претходниот рекорд го држеше друг автомобил, исто така управуван од Шумахер во текот на сезоната 2001 година, кој беше продаден за 7,5 милиони долари.

„Ова е едно од најпобедничките Ферари во историјата на брендот, тшто значи дека станува збор за еден од најважните автомобили во автомобилската историја“, рече Винсент Луизи, шеф на продажбата на луксузни автомобили во аукциската куќа.

„Беше развиен од двајца инженери, Рори Бирн и Пос Браун, кои решија да го направат меѓу оскиното растојание подолго за подобра аеродинамика“, додаде тој.

Во овој болид Шумахер во сезоната 2003 година постигна пет победи и тоа во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД.

Шумахер ја освои својата шеста титула со овој болид, додека Ферари стигна до петтата последователна титула во шампионатот на конструктори.

Scroll to Top