Top Sport

Болидот на Хамилтон пред куќата на дете болно од рак (Видео)

Луис Хамилтон и неговиот тим Мерцедес по двојната победа на Големата награда на Шпанија, најдоа време да ја покажат својата хумана страна.

Хамилтон решил да го изненади малиот Хари Шо од Англија, кој неодамна на Инстаграм му испратил порака на актуелниот светски првак дека е негов идол. Инаку, петгодишниот Шо, боледува од рак во терминална фаза.

Родителите на Хари решиле тој да ја напушти болницата, за да може последните денови од животот да ги помине во својот дом.

На ова приказна Хамилтон не можел да остане имун и решил да му приреди изненадување на малиот Хари.

Од Мерцедес решиле да го паркираат пред домот на Хари болидот со кој Хамилтон победи, во неделата на патеката Каталуња и ја освои Големата награда на Шпанија.

„Хари не можеш да знаеш колку ми значи оваа порака. Ти благодарам ти си моја инспирација. Сакам да бидеш горд на мене. Ти си силно момче, би сакал да бидам како тебе. Сакам целиот свет да види колку си силен. Ти испраќам многу љубов. Тојот пријател Луис“, напишал Хамилтон.

Scroll to Top