Top Sport

Ботас: Бев премногу самокритичен, морав да бележам подобри резултати

Валтери Ботас ги вози последните трки за Мерцедес. Финецот од наредната сезона ќе биде дел од тимот на Алфа Ромео. Лошата форма во која се наоѓа, ги натера луѓето од Мерцедес, неговото место да му го понудат на Џорџ Расел.

Ботас, за ваквиот развој на неговата кариера, ја критикува природата на договорите кои ги потпишувал со Мерцедес. За досегашната соработка со германскиот тим, Финецот, зборувал во подкастот „Зад гридот“.

„Да знаев во 2017 година дека пет години ќе бидам во тимот, ќе си одвоев повеќе време за да ги разгледам работите внимателно, чекор по чекор и мислам дека ќе имав повеќе милост кон себе си. Тогаш се ми делуваше како едногодишна шанса. И следната исто така. Одев година по година. Никогаш го немав потребниот мир, да се поштедам од самокритики“, рекол Ботас признавајќи дека морал да бележи подобри резултати.

„Познавајќи се, особено сега кога ја обезбедив иднината, можев да бележам подобри резултати. Доцна е за каење“.

Scroll to Top