Top Sport

Лудогорец демантира било какви преговори со Ангеловски

Сопственикот на бугарскиот шампион Лудогорец, не размислува за Игор Ангеловски, како решение за тренерската позиција. Лудогорец, остана без тренер пред еден месец по поразот од Црвена звезда во Лига Европа, кога отказ доби Валдас Дамбраускас.

Неколку имиња се поврзуваа со клупата на клубот кој една деценија доминира во бугарскиот шампионат. Се шпекулираше дека поранешниот македонски селектор е најблиску до клупата, меѓутоа од Бугарија доаѓаат поинакви информации.

Медиумите во оваа земја, од Лудогорец добиле одговор дека Ангеловски му бил понуден на клубот, но тие сметале дека тој не е решение за тренерската позиција.

Игор Англеовски е без работа од крајот на јуни, кога на ја напушти клупата на македонската репрезентација.

Scroll to Top