Top Sport

Ботас и Хамилтон го покажаа новиот Мерцедес во Силверстон (Видео)

Мерцедес АМГ Петронас на патеката го покажа болидот со ознака „В11“, со кој Луис Хамилтон и Валтери Ботас во 2020 година ќе ја нападнат седмата двојна круна во шампионатот на Формула 1.

Мерцедес во новата сезона која ќе започна на 15 март во Мелбурн, со трката за Големата награда на Австралија, ќе ги брани двете титули, меѓу конструкторите и меѓу возачите (Хамилтон).

Инаку тимот во понеделникот ги покажа првите фотографии од новиот болид. Мерцедес пред пет дена ја официјализираше соработката со новиот спонзор ИНЕОС. Поради тоа на болидот покрај карактеристичните бои сребрената и зелената ја има и црвената боја.

Во понеделникот со новиот болид се фотографираа шефот на тимот Тото Волф и првиот човек на ИНЕОС Џим Реткилф.

Мерцедес на патеката во Силверстон го имаа првиот пробен тест со новиот болид. Болидот по легендарната патека го возеле Хамилтон и Ботас. Овој тест бил само за снимање, бидејќи болидот бил ограничен на брзина од 100 километри на час и се движел со посебни пневматици.

Scroll to Top