Top Sport

Мароканецот и Србинот од Ајакс се најдобрите асистенти во Европа

Фудбалерите на Ајакс Хаким Зијех и Душан тадиќ ја предводат листата на најдобри асистенти во сите европски национални првенства. Листата за сезоната 2019/2020 ја објави „Трансфермаркт“.

Мароканецот и Србинот оваа сезона запишале по 21 асистенција. Зијех е прв бидејќи до овој учинок стигнал на 30 натпревари, пет помалку од соиграчот Тадиќ.

На третата позиција е Кевин де Брујне од Манчестер сити (18 асистенции/31 натпревар), зад него се Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд (17/29) и Анхел ди Марија од Пари Сен Жермен (17/32).

На листата на „Трансфермакрт“ од петтото до десеттото место се наоѓаат: Хесус Корона – Порто (17/35), Руд Вормер – Бриж (17/36), Килијан Мбапе – Пари Сен Жермен (16/28), Лионел Меси – Барселона (1526), Томас Милер – Баерн (15/30).

Scroll to Top