Валтери Ботас забележа најдобро време во квалификациите за траката за Големата награда на Ајфел. Финецот до 14 пол-позиција во кариерата дојде со најбрзиот круг 1:25.268 минути.
Ботас на патеката Нинбургринг најбрзото време го постави во последниот круг, зад себе го остави тимскиот колега Луис Хамилтон за 256 илјадити делови од секундата.
Трет најдобар резултат забележа Макс Ферстапен од Ред Бул, кој доминираше пред Мерцедесите се до последниот круг. До него трката од вториот стартен ред ќе ја започне Шарл Леклер од Ферари. За Италијанскиот тим оваа е најдобриот пласман во квалификациите во последните четири трки.
Место меѓу најдобрите десет на стартот изборија Алекс Албон (ред Бул), Даниел Рикардо (Рено), Естебан Окон (Рено), Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт) и Карлос Саинц (Мекларен).