Top Sport

Ботас ќе учествува во Трката на шампионите

Возачот на Мерцедес во Формула 1 шампионатот, Валтери Ботас, ќе учествува на Трката на шампионите. Трката на шампионите на снег и мраз ќе се вози на 5.февруари 2022 година.

Ботас, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Алфа Ромео, ќе се натпреварува во поединечна конкуренција. Тој ќе ја претставува Финска во Купот на нации, со партнер чие име се уште не е познато.

Трката на шампионите ќе се одржи во Пите Хавсбад, на замрзнатото Балтичко море.

Учеството во трката го потврдиле Том Кристенсен, Матиас Екстром, Петер Солберг и деветкратниот шампион во рели, Себастијан Леб.

Scroll to Top