Возачите на Мерцедес од првиот ред ќе ја започнат трката за Големата награда на Сахир. Пол-позицијата ја освои Валтери Ботас, а второто место му припадна на Џорџ Расел, кој го менува болниот Луис Хамилтон.
Ботас, во финишот на квалификациите, го возеше најбрзиот круг 53.377 секунди и ја освои 14 пол-позиција во кариерата. Расел, од Финецот имаше послаб резултат за 26 илјадити делови од секундата.
Вториот ред го формираа Марк Ферстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари. Во првите десет уште се пласираа Серхио Перез од Рејсинг Поинт, Данил Квјат (Алфа Таури), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Саинц (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт).
Трката за Големата награда на Сахир, во недела ќе започне во 18.10 часот.