Top Sport

Ботас најбрз, Хамилтон претпоследен

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас го забележа најдобриот резултат на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Русија. Најбрзиот круг на Финецот на патеката во Сочи изнесуваше 1:34.923 минути. Второто најбрзо време го имаше возачот на рено Даниел Рикадо (+0.507), а трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул (+0.654).

Четвртото и петтото место им припадна на возачите на Рејсинг Поинт Серхио Перез (+0.873) и Ленс Строл (+1.042).

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон во текот на првиот тренинг имаше проблеми со пневматиците поради што заврши на претпоследното место со речиси три секунди послабо време од тимскиот колега.

Првиот тренинг го обележа Николас Латифи од Вилијамс кој излета од патеката поради што мораше да биде истакнато црвено знаме.

 

Scroll to Top