Top Sport

Ракометот ќе „мирува“ две недели

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги суспендира натпреварите во Супер лигата. Откако од минатата недела на период од 15 дена РФМ ги стави во мирување натпреварите во А-групата, денес истото го направи со натпреварите во Б-групата.

Минатата недела најпрвин Голден Арт КЛ7 пријавија 16 заразени со коронавирусот, а потоа поизитвни случаи на Ковид-19 пројавија и Радовиш(2), Струга (7) и ГРК Охрид (6).

РФМ денес преку соопштение ја извести јавноста дека во мирување ја става и Б-групата, откако и Работнички пријави дека има позитивни на вирусот во клубот.

Откако ќе помине периодот од 15 дена што го определи Федерацијата, ќе бидат извршени тестирања кај играчите во двете групи, па дури потоа ќе биде познато дали ќе продолжи првенството во Супер лигата.

Scroll to Top