Top Sport

Ботас најбрз на последниот ден тестирање

Валтери Ботас го комплетираше последниот ден од Ф1 тестирањето пред стартот на новата сезона со најдобро време, постигнувајќи 1:16.196 со својот Мерцедес, за да го подобри најдоброто утринско време на Даниел Рикардо.

Ботас беше за само 0.05 секунди побрз од возачот на Рено на патеката „Каталуња“, но позначајно во шесте дена тестирање оваа и минатата недела, Финецот го има поставено и апсолутно најдоброто време на тестирање со 1:15.732 минатата недела на најмеките гуми.

Макс Ферстапен во Ред бул успеа да се „протне“ пред Рикардо во последниот половина час со 0.073 секунди зад Ботас, додека четврт беше Шарл Леклер во Ферари, кој може да биде охрабрен со фантастичните 181 кругови кои ги возеше на патеката.

Луис Хамилтон, кој возеше само во утринската сесија, беше петти пред Естебан Окон, Серхио Пере и Карлос Саинс.

Scroll to Top