Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас постави најдобро време на вториот тренинг пред Бразилското ГП на патеката Интерлагос покрај Сао Пауло, откако Макс Ферстапен беше најбрз за Ред бул во првата сесија.
Ботас имаше најдобро време од 1:08.846 на „супер-меки“ гуми на Пирели, а неговиот колега и светски шампион Луис Хамилтон заостана само три илјадити делови од секундата. Себастијан Фетел во Ферари беше трет најбрз со 0.073 секунди заостанување, откако се пожали дека има нешто „откачено“ во кокпитот во текот на сесијата.
Даниел Рикардо во Ред бул беше четврт најбрз со 0.318 секунди послабо време, а Ферстапен пропушти половина од сесијата поради проблеми со маслото, за да заврши на петтото место пред Кими Раиконен во второто Ферари.
Борбата во средината ја доби Роман Грожан во Хас со седмо место пред Шарл Леклер во Заубер, Кевин Магнусен и Естебан Окон.
Фото: ЕПА
FP2 CLASSIFICATION: @MercedesAMGF1 finish Friday on a high #BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/a4A9OPpqyJ
— Formula 1 (@F1) November 9, 2018