Top Sport

Ботас: Не сум завршил со Ф1 дури и да го загубам местото во Мерцедес

Валтери Ботас вели дека не е загрижен за можноста за крај на Ф1 кариерата откако голем број на шпекулации тврдеа дека Мерцедес веќе се одлучиле да го сменат со Естебан Окон како колега на Луис Хамилтон за 2020.

29-годишниот Финец вели дека веќе има „план Б и план Ц“, откако шефот на Мерцедес, Тото Волф најави дека ќе му помогне на Ботас ако се случи замената следната сезона.

„Ситуацијата за мене не е сменета, имам отворени опции и чекам одлука на тимот. Имам чувство дека на еден или на друг начин сè ќе биде во ред. Не можам да кажам ништо друго бидејќи не знам што се случува“, вели Ботас во интервју за финскиот весник „Илта саномат“.

И покрај тоа што не успеа да биде на нивото на шампионот Хамилтон, Ботас е задоволен од своите трки во 2019.

„Малку немав среќа, како во Силверстоун, каде што бев блиску до победа. Германија и Унгарија го нарушија мојот добар просек од првиот дел од сезоната, но се случува. Морам да одам напред“, вели Ботас.

Scroll to Top