Top Sport

Мијатовиќ: Ако Бејл остане во Реал ќе си направи големи проблеми

Популарниот Предраг Пеџа Мијатовиќ никогаш не ги криеше критиките кон Герет Бејл, и сега повторно се огласи околу ситуацијата на Велшанецот во Реал Мадрид, откако останува изгледно дека Бејл е решен да остане и покрај најавите на Зинедин Зидан дека тој не е во нивните планови.

„Ако Бејл остане, Реал Мадрид нема да има проблеми, туку ќе ги има самиот Бејл. Тој не е во планот на Зидан и тоа треба да му биде јасно“, вели Црногорецот во интервју за радио-станицата „Кадена СЕР“.

Мијатовиќ проговори и за шпекулациите кои го поврзуваат неговиот пријател, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ со трансфер во Италија, велејќи дека освојувачот на „златната топка“ останува во Мадрид.

„Лука е пресреќен во Реал Мадид и како негов пријател ви кажувам дека ќе остане. Тој не мпже да биде купен, бидејќи е актуелен носител на ’златанта топка’“, вели Мијатовиќ.

Мијатовиќ: Може ли некој да ми објасни каде треба да игра Бејл?

Scroll to Top