Top Sport

Ботас остана најбрз, Ферстапен се судри со Строл, болидот на Гасли се запали!

Валтери Ботас остана најбрз на драматичниот прв ден од Португалското ГП на „Алгарве“ патеката во Портимао, по сесии во кои имаше пожар за Пјер Гасли и опасен судир на Макс Ферстаспен и Ленс Строл при голема брзина.

Во првата сесија Ботас беше за три десетинки побрз од колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон, а Ферстапен беше трет. Во втората сесија, првите 30 минути се искористија како тест на гумите на Пирели за 2021 година, и Ботас постави најдобро време од 1:17.940, пред сесијата да биде прекината поради пожарот во болидот на Алфа Таури на Пјер Гасли, кој за среќа избегна повреди.

По рестартот на сесијата, на патеката излегоа многу болиди, и Ферстапен и Строл се судрија при брзина од над 200 километри, праќајќи го возачот на Рејсинг поинт надвор од патеката за втор прекин.

Ботас остана најбрз со половина секунда пред Ферстапен, а Лендо Норис во Мекларен беше трет најбрз, пред Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) и Себастијан Фетел (Ферари). Гасли остана седми пред Хамилтон, кој не доби шанса да вози на меки гуми.

Scroll to Top