Top Sport

Ботас со пол-позицијата на последната трка од сезоната

Валтери Ботас тесно го победи својот колега, четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон за да ја освои пол-позицијата на Абу Даби ГП, последната трка од шампионатот во која Мерцедес повторно покажаа дека имаат најбрз болид.

Хамилтон водеше на тренинг-сесиите на патеката „Јас Марина“ и беше најбрз во вторите квалификации, но на крајот Ботас постави круг од 1:36.231, за 0.172 секунди побрзо од времето на Хамилтон.

Себастијан Фетел беше трет најбрз за Ферари со 1:36.777 во последниот круг, пред Даниел Рикјардо во Ред бул за само 0.026 секунди пред Раиконен во второто Ферари. Макс Ферстапен во Ред бул го комплетираше топ 6.

Ова е втора пол-позиција во низа за Финецот.

Scroll to Top