Top Sport

Шкендија со „шестка“ го потврди првото место

Шкендија го запечати првото место во есенскиот дел на македонската Прва лига, откако во Тетово со 6:1 ја „уништи“ Ренова во саботниот прв меч од 17. коло .

Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани постигнаа по два гола, а по еден дадоа Жуниор и Шефити за на едно коло пред крајот на есенскиот дел да освојат 43 поени, дури 14 повеќе од второпласираниот Вардар, кој има два натпревари помалку.

Победата е уште послатка бидејќи доаѓа на натпревар на кој навивачката група на Шкендија, „Балисти“ го слави својот 25. роденден.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top