Top Sport

Ботас пред Хамилтон на стартот во Австрија

Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австрија. Доминацијата на Мерцедес во квалификациите ја потврди лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, кој го освои второто место.

Финскиот пилот на Мерцедес, до пол-позицијата, стигна со најбрзиот круг 1:03.130 минути. Ова време беше за само 19 илјадити делови од секундата побрзо од времето на Хамилтон.

Зад пилотите на Мерцедес, трката ќе ја стартуваат нивните колеги од Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Фетел задоцни за 334, а Раиконен за 530 илјадити делови од секундата.

Од третиот ред ќе стартуваат Макс Ферстапен (Ред Бул) и Роман Грожан (Хас), а меѓу најдобрите десет се уште и Даниел Рикарди, Кевин Магнусен, Карлос Саинц јуниор и Нико Хилкенберг.

Трката за Големата награда на Австрија се вози в недела од 15 часот.

Scroll to Top