Top Sport

Ботас предводеше нов 1-2 за Мерцедес на тренинзите во Барселона

Мерцедес очигледно нема намера да го даде врвот во Формула 1, откако Валтери Ботас беше најбрз и на вториот тренинг пред Шпанското ГП, победувајќи го својот клупски колега Луис Хамилтон за 0.049 секунди.

Ботас, кој исто така постави најдобро време и во утринската сесија, беше најбрз со „средните“ гуми на Пирели, со седум десетинки од секундата пред Себастијан Фетел во Ферари. Шарл Леклер во второто Ферари беше четврт пред Макс Ферстапен во Ред бул со 0.750 секунди послабо време, откако имаше проблеми со моторот во финишот на сесијата.

Роман Грожан во Хас ги „раздели“ двајцата возачи на Ред бул со шесто место пред Пјер Гасли, додека Кевин Магнусен во вториот Хас беше осми, додека во топ 10 беа и Карлос Саинс Јуниор во Мекларен и Данил Квјат во Торо росо.

Scroll to Top