Валтери Ботас го прослави новиот договор за 2022 со Алфа Ромео со поставување на пол-позиција на Италијанското ГП во Монца со својот Мерцедес.
Во необичниот експеримент кој го прави Ф1 оваа сезона, славната италијанска патека е избрана за спринт-трка, што значи дека на Ботас нема да му се забележи 18. официјална пол-позиција, и таа чест ќе ја добие победникот на утрешната спринт-трка. Покрај тоа, Ботас ќе добие казна за неделната ГП трка, откако го замени моторот.
Зад Ботас ќе стартува неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, додека неговиот ривал за титулата, Макс Ферстапен ќе стартува како трет. Двајцата возачи на Мекларен, Лендо Норис и Даниел Рикардо ги комплетираат топ 5, пред Пјер Гасли на шестото место пред домашните фаворити во Ферари.
Take a bow, @ValtteriBottas ?#ItalianGP ?? #F1 pic.twitter.com/K8CHDfYUqv
— Formula 1 (@F1) September 10, 2021