Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас тврди дека неговиот тим го „блокирал“ да оди по победи оваа сезона, отворено зборувајќи за својата положба во тимот, пред заминувањето на крајот на сезоната.
Финецот, кој нема победа оваа сезона, ќе биде заменет со Џорџ Расел од Вилијамс во 2022, додека тој ќе ја продолжи кариерата во Алфа Ромео. Тој сега признава дека тимот е целосно зад Луис Хамилтон и неговиот обид да се стигне до осмата светска титула.
„Дали ќе одам на победа во недела? Не знам навистина, треба да го прашам шефот Тото Волф. Оваа сезона, чувствувам дека не ми беше дозволено да одам на победи, но никогаш не знаете. Одиме трка по трка. Никогаш не знаете како ќе се одвива една Ф1 сезона“, изјави Ботас откако беше најбрз на вториот тренинг на автодромот во Сочи пред утрешните квалификации.