Top Sport

Брачната двојка Волф под истрага на ФИА

Првиот човек на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф и неговата сопруга Сузи се под истрага од Светската автомобилска федерација (ФИА) за можен конфликт на интереси.

Сузи Волф е извршен директор на Ф1 Академијата, која од неодамна функционира под покровителство на Формула 1, а служи за натпреварување во женска конкуренција.

Бизнис магазинот Формула 1 објави дека тимските шефови се загрижени поради тоа што Сузи и Тото Волф споделуваат доверливи информации од нивните работодавци.

Наводно, на една средба Волф кажал доверливи информации што можел да ги добие од сопругата.

Затоа првиот човек на ФИА, Мухамед Бин Сулаем, апелираше да се покрене официјална истрага.

Директорот на Ф1 Академијата ги отфрли наводите за конфликт на интереси во кој се таа и нејзиниот сопруг.

Во вторникот Мерцедес жестоко ги отфрли обвинувањата, а Волф изјави дека е „длабоко навредена, но за жал не и изненадена од наводите“, пренесе Би-Би-Си.

Во објава на социјалните мрежи таа ги опиша обвиненијата како „страшни#.

Сузи Волф е директорка на женската академија и директно му одговара на претседателот Стефано Доменикали.

Нејзиниот сопруг Тото Волф е директор и косопственик на тимот на Мерцедес и спортски директор на компанијата Мерцедес.

Scroll to Top