Top Sport

Братот на Валентоно Роси и официјално е возач на Репсол Хонда

Лука Марини и официјално стана нов возач на Репсол Хонда. Во тимот ќе го заменни Марко Маркез.

Помладиот брат на легендарниот Валентино Роси имаше договор за 2024 година со тимот VR46, но сепак реши да земина во тимот во кој Роси дебитираше во кралската класа во 1999 година. За Хонда Роси возеше до 2003.

Марини во претходниот дел од кариерата во најсилната категорија забележа два подиуми и еден најбрз круг во 53 трки.

Тој потпиша договор со Хонда за следните две сезони.

Неговиот брат Валентино Роси ги освои првите три титули во кралската класа како возач на Хонда – во 2001, 2002 и 2003 година, пред да се пресели во Јамаха, со која четири пати стигна до тронот. Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња постигна 33 триумфи на Хонда.

Во Репсол Хонда, Марк Маркез ги освои сите шест титули во кралската класа во 2013, 2014 и од 2016 до 2019 година. Шпанецот од следната сезона ќе вози за Гресини Дукати.

Лука ќе дебитира во Хонда утре, за кога се закажани тестовите на патеката „Рикардо Тормо“.

Scroll to Top