По најавите дека на тимовите на Ферари и Алфа Таури нема да им се дозволи настап на Виетнамското ГП и Бахреин ГП поради тоа што доаѓаат од Италија поради стравувањето од корона вирусот, директорот на Ф1, Рос Браун им прати јасна порака на организаторите дека нема да има трка без сите 10 Ф1 тимови.
Виетнам и Бахреин се дел од земјите кои го ограничија пристигнувањето од одредени земји, меѓу кои е и Италија, каде што имаат седиште двата тима. Браун прати остра порака.
„Ако еден тим е спречен да влезе во земја каде што има трка, тогаш нема да има трка. Сигурно нема да има трка од Формула 1 шампионатот бидејќи тоа би било не-фер. Доколку одреден тим сам реши да не отпатува на една трка, тоа е поинаква ситуација, но ако тим биде спречен да влезе во одредена земја, мораме да го заддржиме нивото на натпреварување“, вели Браун за „Ројтерс“.
Во исто време, организаторите на Австралиското ГП потврдија дека првата трка од новата сезона сигурно ќе се оддржи, иако како и секаде, главниот збор ќе го имаат земјите и Светската здравствена организација (ВХО).
„Во Виетнам сакаат трка, но исто така сакаат да си го заштитат своето население. Ги разгледуваме можните опции, а бидејќи работите се менуваат секојдневно, ќе ја следиме ситуацијата. Знам дека се работи за сериозен проблем, но ние се обидуваме да имаме трки и тоа на вистински начин“, додава Браун.
Ферари и Алфа Таури не смеат во Бахреин поради коронавирусот