Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека Формула 1 треба да размисли за промена на системот за бодови, што ќе им овозможи на возачите на Индикар полесно да влезат во Ф1.
Возачите од серијата Индикар мора да исполнат одредени услови за да добијат Супер лиценца за да можат да возат во Формула 1.
Браун сака Индикар да добие ист третман како Формула 2, додавајќи дека се надева дека првиот човек на ФИА ќе го промени бодовниот систем.
„Она што го видов со Мохамед (Бен Сулејем) е дека тој е подготвен, во иднина, да ги промени актуелните правила“, рече Браун.
Ред Бул се обиде да го потпише пилотот од серијата Индикар, Колтон Херт со договор за следната сезона, но ФИА одби да направи исклучок од правилото.
Тој требаше да го замени Пјер Гасли во тимот на Алфа Таури, кој е во сопственост на Ред Бул. Алфа Таури потоа потпиша со Ник де Врис.
Харт стана дел од развојниот тим на Мекларен оваа година, а британскиот тим претходно донесе уште двајца возачи на Индикар, Алекс Палоу и Патрисио О’Вард.