Top Sport

Брд е победник на првата римска ФЕ трка (видео)

Британецот Сем Брд триумфираше на првата Формула Е трка низ улиците на Рим во саботата за да скокне на второто место во генерален пласман во серијата на електрични болиди по седум трки.

Возачот на „ДС Вирџин“ сега е на само 18 поени зад Французинот Жан-Ерик Верњ, кој беше петти во кинескиот „Техитах“ тим на улиците на италијанската престолнина. Актуелниот шампион Лукас ди Граси беше втор за „Ауди“, а Андре Лотерер во вториот болид на „Техитах“ го комплетираше подиумот.

„Прекрасно е да се победи во овој град на оваа историска трка“, изјави Брд.

Швеѓанецот Феликс Росенквист стартуваше на пол-позицијата, но излета додека беше во водство во 23. круг.

Scroll to Top