Top Sport

Лекиќ: Ќе ми недостига салата, клубот и градот

Вардар се пласираше на завршниот турнир од Лигата на шампионите, откако го декласираше тимот на Митјиланд со 32:25, во меч кој имаше посебно емотивно значење за дел од ракометарките, кои од наредната сезона нема да бидат во клубот.

ЖРК Вардар веќе одлучи од следната сезона да се фокусира на домашните ракометарки, со што вакви успеси сигурно стануваат недостижни, и Андреа Лекиќ, која беше најефикасна за Вардар со седум гола знае дека нема да биде лесно.

„Посебен меч за нас. Мислам дека Митјиланд одигра добро во првиот меч и тука на стартот од средбата. Ќе биде навистина тешко во следната година. Ќе ни недостига и салата, и клубот и градот. Се навикнавме на овој живот овде. Ќе имаме голем мотив и желба во Будимпешта и ќе се потрудиме да направиме одличен завршен турнир во Лигата на шампионите“, изјави Андреа Лекиќ.

И тренерот Ирина Дибирова се согласува дека мечот бил посебен.

„Денешниот натпревар беше со големи емоции. Ракометарките сакаа да ги израдуваат фановите. Во првото полувреме единствената ракометарка која ни направи проблеми беше Вероника Кристијансен. Знаевме дека мораме да се пласираме на фајнл-фор. Го чекавме овој натпревар и ова четврт-финале. Горда сум на моите ракометарки и сега можеме да се фокусираме на натпреварите во Будимпешта“, изјави Дибирова.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top