Top Sport

Бриаторе: Алонсо уште е подобар од Хамилтон

Поранешниот шеф на Рено и агент на Фернандо Алонсо, Флавио Бриаторе останува на мислењето дека Шпанецот прерано заминува од Формула 1, и дека и во моментов тој е подобар возач од Луис Хамилтон, иако Британецот се бори за петта титула во шампионатот.

Алонсо, по фрустрирачка четврта сезона со Мекларен, најави дека заминува на крајот на сезоната (со Инди кар како најверојатна дестинација), велејќи дека Ф1 е премногу предвидлив спорт. Бриаторе, во интервју за „Газета дело спорт“ вели дека Алонсо можел да даде уште многу.

„Мислам дека се збогуваше предвреме. Во Формула 1 работите се менуваат бргу. Повеќе би сакал да го видам Фернандо во Мерцедес или во Ферари отколку во пензија. На највисоко ниво, тој е уште подобар од Хамилтон и исто така многу попостојан. Мислев дека ќе остане барем уште една година“, вели Бриаторе.

Scroll to Top