Top Sport

Сари до Азар: Покажи дека си подобар од Роналдо и Меси

Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари го предизвика својот белгиски фудбалер, Еден Азар да се „крене“ и да покаже дека е подобар фудбалер од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

По блескавиот настап на СП во Русија, каде што Белгија го освои третото место, постоеја шпекулации дека Азар веќе е на пат за Реал Мадрид, но тој остана во Челси и беше на клупата за првиот меч од сезоната против Хадерсфилд, за кога влезе да го наместо голот на Педро.

Сега, се очекува да игра на лондонското дерби против Арсенал, каде што Челси ќе треба да покажат дека се сериозни кандидати за титулата. Сари сака 27-годишниот Белгиец да го крене нивото за да се крене и трофејот.

„Последните пет години Кристијано играше како напаѓач, Меси исто така, а Еден играше како крило. Тој може да биде многу подобар. Зборуваме за еден од најважните европски фудбалери на денешницата, но мислам дека може и многу подобар. Тоа зависи само од него. Технички, тој веќе е еден од најдобрите европски фудбалери, а според мене треба да биде и физички посилен“, вели Сари.

59-годишниот Италијанец исто така вели дека нема шанси тој да биде на продажба.

„Челси е еден од најважните европски клубови, а такви клубови не ги продаваат своите најдобри фудбалери без можност да купат некој на исто ниво. Кога дојдов бев загрижен, но по првиот разговор, знаев дека ќе остане“, вели Сари.

Scroll to Top