Top Sport

Бриаторе: Медиумите лажат, немам КОВИД-19, се чувствувам одлично

Поранешниот шеф на тимовите на Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе инсистира дека е во одлична здравствена состојба, демантирајќи ги информациите дека е во сериозна состојба откако се инфицирал со КОВИД-19.

Бриаторе, во интервју со „Кориере дела сера“, вели дека нема корона вирус, туку дека бил во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради инфекција на простатата.

„КОВИД? Се чувствувам одлично, само имам акутен простатитис. Бев во болница и веднаш излегов. Бев тестиран неколку пати на КОВИД, но уште ги немам резултатите“, вели Бриаторе.

Последните денови Бриаторе беше критикуван во италијанската јавност, откако власта му го затвори ноќниот клуб „Билионер“ на Сардинија, каде што 60-тина негови вработени биле позитивни на КОВИД-19.

Флавио Бриаторе во „сериозна“ состојба по инфекцијата со КОВИД-19

Scroll to Top