Top Sport

Меси пред 8 години предвиде: Ако заминам од Барса, тоа ќе биде бидејќи ќе ме истераат

Вчера беше потврдено дека „невозможното“ стана реалност – Лионел Меси сака да си замине од Барселона, уривајќи ги соништата на милиони фанови на каталонскиот клуб, кои бараат објаснување од управата на клубот како можат да дозволат тоа да се случи.

Фановите исто така го „ископаа“ видеото од пред осум години во кое Меси зборува за својата иднина и за тоа дали некогаш ќе го напушти својот омилен клуб.

„Луѓето добро знаат дека никогаш нема да ја напуштам Барселона. Ако некогаш си отидам, тоа ќе биде бидејќи ме избркаа, а не поради тоа што јас одлучив така. Затоа, останете смирени, секогаш сум велел дека Барселона е мојот дом“, изјави тогаш Меси.

Scroll to Top