Top Sport

Бриаторе му се закани на Алонсо: Ќе те заклучам во гаражата!

Флавио Бриаторе, поранешниот шеф, а сега менаџер на Фернандо Алонсо, му се закани на двократниот шампион дека ќе го „заклучи во гаражата“ доколку тој продолжи да прави опасни работи со својот велосипед.

Алонсо минатата недела беше удрен од автомобил додека тренираше на велосипед, добивајќи повреди на лицето, но бргу се врати дома и објави видео на кое се подготвува за новата сезона во Формула 1, во која ќе се врати со тимот на Алпине Ф1 (поранешните Рено). Бриаторе не е среќен.

„Веќе тренира и се опоравува добро. Апсолутно сум сигурен дека ќе почне со зимското тестирање на 12 март, тоа нема да биде проблем. Му кажав да престане да вози велосипед на јавни патишта, бидејќи едноставно тоа е преопасно. Треба да оди во планините  и да тренира со маунтајн бајк. Но, не сака да ме слуша. Затоа морав да му се заканам дека ќе го заклучам во гаражата“, вели Бриаторе.

Scroll to Top