Top Sport

Левандовски: Постојано ја следам МЛС лигата

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Ледвандовски вели дека знае многу за американската МЛС лига, но не сакаше да одговори на прашањето дали во иднина би се преселил во Северна Америка.

Неговата сопруга неодамна изјави дека тој би сакал да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес, каде што има два МЛС клуба, Лос Анџелес галакси и Лос Анџелес ФЦ. 32-годишниот Полјак има договор со Баерн до 2023 година и вели дека засега не мисли многу за иднината.

„Да играм во САД? Не знам, бидејќи не знам што ќе значи тоа за мене и кога ќе го нарпавам тоа. Сигурно, знам многу за МЛС лигата бидејќи таму играа многу полски и германски фудбалери и ми кажуваа за животот таму. Велат дека секоја година има раст во квалитетот на лигата и дека имаат желба да бидат уште подобри. Засега не мислам толку далеку во иднината“, вели Левандовски.

Scroll to Top