Top Sport

Бриаторе призна: За малку немаше да потпишеме со Шумахер

Порашениот прв човек на Ф1 тимот Бенетон, Флавио Бриаторе признава дека никој во тимот не бил импресиониран од Михаел Шумахер и дека за малку немаше да потпишат договор со него.

Легендарниот Германец се приклучи на Бенетон откако дебитираше во Ф1 со тимот на Џордан и освои две светски титули со тимот во 1994 и 1995, пред да замине за Ферари и таму да стане легенда со уште пет светски титули.

Откако импресионираше во квалификациите за неговата прва Ф1 трка во Спа во 1991 година, тој победи на првата трка на истата патека, тогаш зад воланот на Бенетон. Тој успеа да победи во 19 од 27-те победи за Бенетон, каде што работеше со Рос Браун и Рори Бирн, по што тројцата заминаа за Ферари.

„Никој не беше убеден дека Михаел го бива. Сите ми велеа: ’Тој не е добар, премлад е’. Но, јас бев сигурен во тоа што го правам, по што сите се согласија со мене. На крајот му го пратив договорот и тој беше потпишан во три или четири часот наутро“, открива Бриаторе во интервју со ексшампионот Нико Розберг.

Рекордите на Шумахер од 7 титули и 91 победа уште се актуелни и Бриаторе вели дека тој имал само една тајна на успехот.

„Михаел никогаш не се жалеше. Ако имаше проблем со болидот, тој се обидуваше да го реши. Другите возачи само би кажале дека болидот е ’срање’ и не би се грижеле“, додава Бриаторе.

Scroll to Top