Top Sport

Килијан Мбапе на насловната на „Тајм“

Статусот на Килијан Мбапе како најголемата млада фудбалска ѕвезда на светот беше потврдена кога славниот американски магазин „Тајм“ го постави на насловната страница во изданието во која главна тема се „лидерите на следната генерација“.

Иако има само 19 години, француската фудбалска суперѕвезда има светска титула со Франција, две сезони во Лигата на шампионите, и пофалби од имиња како Пеле, чиј рекорд за најмлад фудбалер што постигнал гол во финале на СП го сруши во Русија.

Во интервјуто за магазинот, тинејџерот откри детаљи за својот живот.

„Работите се свртеа целосно. Среќен сум што го работам тоа што секогаш сум го сакал, но има работи кои ми недостасуваа. Никогаш не сум имал нормални моменти како другите тинејџери. Дружење со пријателите, излегување во град и уживање во слободното време… Тие работи ги немам“, вели Мбапе.

Младиот Французин изненади со својот гест што наградата за освојувањето на титулата во Русија (над 500.000 евра) реши да ја донира на децата со посебни потреби.

„Научив дека најголемите ѕвезди и најголемите фудбалери се скромни, тие кои навистина заслужуваат почит. Мене тие пари немаше да ми значат ништо, но на тие каде што отидоа можат да им значат сѐ“, додаде Мбапе.

Scroll to Top