Top Sport

Брилијантна трка на Леклер – Победи во Австрија пред Ферстапен

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, со брилијантно возење победи на трката за Големата награда на Австрија. Леклер ја доби борбата со Макс Ферстапан, кого три пати го помина во текот на трката. Можноста за еден-два победа на Ферари пропадна кога откажа моторот на Карлос Саинц на 12 круга до крајот.

Откажувањето на Саинц најдобро го искористи Луис Хамилтон, кој заврши како трет. Неговиот тимски колега Џорџ Расел и покрај казната од пет секунди во целтата влезе како четврти.

Петти беше Естебан Окон од Алпин, а шести Мик Шумахер. Успехот на Хас го надополни Кевин Магнусен кој го освои осмото место. Помеѓу болидите на Хас, како седми заврши Ландо Норис од Мекларен.

Бодови во Австрија освоија и вториот возач на Мекларен, Даниел Рикардо и Фернандо Алонсо од Алпин.

Scroll to Top