Top Sport

Британците ги откажаа нарачките за респираторите кои ги правеа Ф1 тимовите

Британската влада ги откажа нарачките за илјадници респиратори кои ги изработуваше конзорциум на компании вклучувајќи ги Формула 1 тимовите на Ред бул и Рено, утврдувајќи дека уредите не се прикладни за лечење на корона вирусот.

Ред бул и Рено соработуваа со докторот Аластер Дарвуд, чија компанија ги измисли евтините и подвижни респиратори. Сите седум Ф1 тимови со база во Велика Британија дадоа придонес во развојот, додека Ред бул и Рено беа директно вклучени во изработката. Владата ги откажа нарачките бидејќи лекарите утврдиле дека тие не се прикладни за третман на КОВИД-19 поради честата промена на сетингот на работа.

Британската влада има достапни 10.000 респиратори, а потребни им се најмалку 18.000 поради големиот раст на бројот на заразени.

Scroll to Top