Top Sport

Британско ГП: Ферстапен го претекна Фетел, тој го удри одзади! (видео)

Во последно време, речиси секоја Формула 1 трка е одбележана со некој котнроверзен момент, така што ниту Британското ГП не беше исклучок, откако четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел го удри одзади Макс Ферстапен во Ред бул.

Во борба за третото место, Ферстапен успеа да изведе фантастично претекнување, но Фетел се обиде веднаш да се врати и се „зачука“ во задниот дел на својот ривал. Фетел мораше да влезе во боксот и излезе на последното место, додека Ферстапен загуби неколку позиции.

Стјуардите го испитуваат инцидентот и му доделија казна од 10 секунди на возачот на Ферари.

Scroll to Top