Top Sport

Број 1 и злато на новата кацига на шампионот Макс Ферстапен

Формула 1 шампионот, Макс Ферстапен ја претстави својата нова кацига за сезоната 2022, со која возачот на Ред бул потврди дека се откажува од својот препознатлив број 33 за бројот 1, со голема златна ѕвезда за неговата прва светска титула.

Ферстапен го оправда својот огромен талент со првата титула од Ф1 шампионатот откако го совлада Луис Хамилтон во последниот круг од последната трка од сезоната во Абу Даби.

„Малку злато, како што гледате, дури и ‘ви дава крила’ е во злато, така што е посебно кул. Решив не само да го сменам дизајнот, туку да ги сменам и боите. Секако, побарав ѕвезда на задниот дел за титулата“, објасни Ферстапен.

Холанѓанецот ќе биде првиот светски шампион од Себастијан Фетел во 2014 година, кој ќе го носи бројот 1 во Формула 1 шампионатот.

Scroll to Top