Top Sport

Госенс: Ја продолжувам германската традиција со Интер

Робин Госенс откри дека го избрал бројот 18 на дресот во Интер, праќајќи им порака на навивачите на Аталанта, пред да објасни дека сакал да ја продолжи „традицијата на германски успех“ со клубот од „Сан Сиро“.

Госенс пристигнува од Аталанта на првична позајмица со обврска за купување за 25 милиони евра, што ќе биде огромен профит за Аталанта, кои платија нешто над милион евра за неговиот трансфер од холандскиот Хераклес Алмело во 2017 година.

„Поминаа повеќе од четири години откако пристигнав во Аталанта како непознат млад фудбалер. Овој клуб ми даде шанса да играм во Серија А и самодоверба да пораснам како фудбалер и како човек. Од првата минута, го дадов максимумот за дресот и Бергамо секогаш ќе биде посебен град за мене и моето семејство. Имав фантастични искуства, најдов пријатели за цел живот и мојот син се роди тука. Благодарност за сите фанови за поддршка, на колегите и на клубот кој ми даде шансас да играм во оваа лига. Но, во фудбалот доаѓаат прилики еднаш во животот“, напиша Госенс на Инстаграм.

Во подоцнежното интервју за телевизијата на Интер, тој откри што го мотивирало да ја прифати понудата, како деветти Германец во клубот по легендите како Андреас Бреме, Лотар Матеус и Јирген Клинсман.

„Горд сум што пристигнувам во еден од најголемите клубови во Европа. Германските шампиони ја напишаа историјата на овој клуб и сакам да продолжам да ја пишувам таа историја. Дојдов со големи амбиции и сакам да ја продолжам традицијата на Германци кои играат добро во Интер“, објасни Госенс.

Scroll to Top