Техничкиот директор на Формула 1, Рос Брон, најави големи промени за наредната сезона. Промените се резултат на скандалозното водење на трката во Абу Даби од страна на Мајкл Маси и неговите соработници од ФИА.
Она, што исто така беше забележливо на последната трка во сезоната е мешањето во работата на дирекцијата на трката, од страна на шефовите на Ред Бул и Мерцедес, Кристијан Хорнер и Тото Волф.
Брон рекол дека од наредната сезона, додека трае трката, тимските шефови нема да можат да комуницираат со дирекцијата на трката.