Top Sport

Брон: Шуми ќе беше фасциниран од новата „техничка“ Формула 1

Познат по својата апсолутна контрола на патеката и по својата аналитичност, Михаел Шумахер би бил фасциниран од новите технички правила во Формула 1, вели шефот на Ф1 и негов долгогодишен пријател, Рос Брон.

По влегувањето во Ф1 во 1991 година, Шумахер имаше 18 сезони во спортот, но тој е непрепознатлив во однос на сегашниот спорт. Две години откако се пензионираше по вторпат, Ф1 воведе В6 турбо-хибридни мотори, пред оваа година да пристигнат драстични промени во аеродинамичките правила, што придонесе повеќе тимови да имаат проблеми со разбирањето на однесувањето на новите болиди, посебно кај повеќекратните шампиони Мерцедес.

Брон, кој му беше технички директор на Германецот во Бенетон и Ферари, во интервју за „Спорт Билд“, вели дека Шумахер би бил фасциниран.

„Ова би било како создаденоза него. Тој секогаш беше последниот кој заминуваше од боксот саботата навечер пред трката. Ќе седнеше со мене и со инженерите со часови и беше фасциниран од анализата на болидот. Тој ќе беше фантастичен во ваква Ф1 ера“, вели Брон.

Покрај тоа, Шуми би уживал и во тркањето, откако Шарл Леклер и Макс Ферстапен повеќе пати оваа сезона имаа директни дуели.

„Претходно, болидот кој беше позади ќе загубеше 40 отсто од потисната сила само да дојде блиску до болидот. Сега, со промените во аеродинамиката имаме подобри и побезбедни претекнувања. Ова е нова ера“, додава Англичанецот.

Scroll to Top