Ајнтрахт Франкфурт ги продаде сите 50.000 влезници за нивниот стадион „Дојче банк парк“, каде што на 18 мај ќе се гледа во живо финалето на Лига Европа, каде што „орлите“ играат против Глазгов Ренџерс на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, Шпанија.
За разлика од славниот меч на „Ноу Камп“, кога илјадници навивачи на Ајнтрахт беа погласни од домашните навивачи за бундеслигашот да ја елиминира Барселона, за финалето во Севилја двата клуба добија по само 10.000 влезници
Навивачите на Ајнтрахт ќе имаат шанса на својот стаион да го следат мечот на огромен ЛЕД екран од 400 квадратни метри, а забавата ќе почне три часа пред почетокот на натпреварот. Цената на билетот беше 10 евра.